Search

Најслаб старт на Милан последниве 30 години, пораз и од Фиорентина на Сан Сиро

Екипата на Милан претрпе уште еден неочекуван пораз во Серија А, откако овој пат на домашен терен загуби од екипата на Фиорентина со 1:3.

Така Џампаоло е првиот тренер на Милан кој забележал четири порази во првите шест кола во последните 30 години.

Милан имаше уште една бледа партија, Фиорентина ги надигра „росонерите“, а за тоа каква беше атмосферата на стадионот, говори и фактот што публиката го поздрави голот на Франк Рибери со стоечки овации.

Резултатот беше отворен во 14. минута кога Милан загуби топка во опасната зона, беше направен пенал врз Киеза, а Пулгар погоди од белата точка.

На стартот од вториот дел, Милан остана со играч помалку откако Мусакио опасно влезе со отворен ѓон. Со играч повеќе, Фиорентина брзо постигна два гола, Кастровили зголеми на 0-2, а Рибери го дотолчи противникот во 78. минута.

До крајот на мечот, новото засилување Леао само постигна почесен гол по еден прекрасен пробив.

Милан падна на 16 позиција со само шест бода.

Треба да знаете
Последни објави