Search

Детектор: Заев со најголема доверба кај граѓаните

Меѓу политичарите најголема доверба има премиерот Зоран Заев. Во него најмногу веруваат 14,5% од анкетираните граѓани. Следен е опозицискиот лидер Мицкоски во кого доверба имаат 12,1% од анкетираните,покажува анкетата на Детектор.

Рејтингот на Али Ахмети е 4,4% а на Зијадин Села 3%. Следи Никола Груевски во кого довербата е 2,1%. Рејтингот Африм Гаши меѓу гласачите изнесува 0.7%, а тука некаде е и Билал Касами за кого се изјасниле 0,6% од анкетираните.
Довербата во Шеќеринска е 0,2% а во Мендух Тачи 0,1%, додека 1,6% од анкетираните се определиле за друг политичар. 44,2% од граѓаните велат дека немаат доверба во ниту еден политичар а без одговор останале 14,2%.

Треба да знаете
Последни објави