Search

Косовец сакал да помине граница со туѓ пасош

На 25.09.2019 во 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен A.Г.(31) од Косово, поради тоа што при контрола приложил македонска патна исправа на име Р.А.(25) од Скопје. А.Г. бил предаден на полициски службеници во Прифатниот центар за странци Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави