Search

Во три возила во Струмица пронајдени 17 мигранти

На 26.09.2019, полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, на регионалниот пат Валандово – Струмица, на влезот во Струмица, кај месноста „Куклишка раскрсница“, запреле патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(29) од с.Никуштак, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(21) од Скопје и патничко возило „ауди А6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Х.(25) од Скопје. При преглед во возилата биле пронајдени 17 лица мигранти од Бангладеш. Возачите и мигрантите биле приведени во СВР Струмица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави