Search

МАН повикува утре на протести: На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсења и  прогони

По вонредна седница на управните органи, врз основа на член 9 и член 28 од Статутот на организацијата, МАН донесе одлука да се одржи мирен протест на ден 26 септември 2019, четврток пред Основното јавно обвинителство и пред Судовите.

Ваквата реакција на МАН следува по се поголемиот и силен политички притисок врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку правосудниот систем.

МАН ги повикува своите членови утре во 11.00 часот да се придружат на мирниот протест кој ќе започне пред зградата на Основното јавно обвинителство на Кејот на Вардар, а потоа ќе продолжи кон судските палати.

Истовремено, ги повикуваме сите новинари, медиумски работници, членови на невладини организации, како и сите граѓани да ја поддржат слободата на медиумите преку што помасовно присуство.

Мотото на протестот е: На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсења и  прогони!

 

Треба да знаете
Последни објави