Search

Канал 5: На повидок нов скандал во СЈО

Во СЈО со години со дозвола на шефицата  Катица Јанева, се работело речиси без да се запазат безбедносните протоколи, тврдат за Канал 5 извори во институцијата.

Според безбедносниот правилник на СЈО, секој обвинител или истражител, кој имал потреба да подигне одреден доказ, пишан или особено аудио доказ од т.н. бомба, задолжително морал да  пополни и архивира формулар на кој ќе биде назначено името на лицето кое го подига доказот, како и денот и часот на ова дејание, но имало многу случаи во кои ова не се почитувало. Вработените во СЈО едноставно во секој момент можеле да ги преслушуваат бомбите од било кој компјутер.

Изворите тврдат дека голем број на обвинители дури и ги изнесувале аудио бомбите и си ги носеле дома за, како што објаснувале, во мирна атмосфера да работат на нив.

Од СЈО официјално остануваат на ставот дека се почитувале безбедносните протоколи, но засега нема начин како да се утврди вистината, со оглед дека станува збор за податоци недостапни за медиумите.

Треба да знаете
Последни објави