Search

Италијанец посвои бебе со Даунов синдром, кое не сакале да го згрижат 20 семејства

Лука Трапанесе е хомосексуалец, католик и самохран татко, навикнат да ги крши воспоставените социјални норми. Тој честопати гостувал на телевизиски емисии за да разговара за посвојување деца кај геј-популацијата. Живее во италијанскиот гард Неапол и медиумите за него се заинтересираа кога се одлучи да посвои едномесечно девојче со Даунов синдром, кое 20 семејства претходно одбиле да го згрижат.

Тој вели дека едноставно сакал семејство. Кога слушнал дека малата Алба одбиле да посвојат 20 семејства, одлучил тој да ја преземе грижата за неа, пренесува Upworthy.com. Иако многумина сметаат дека идејата да се грижи за дете со пречки во развојот е предизвик, Лука го отвори срцето без двоумење и ѝ подарил дом на малата Алба. Тој знаел колку е тешко да се живее со болеста за што станал свесен уште во раното детство кога на неговиот најдобар пријател му бил дијагностициран карцином.

„Кога имав 14 години, на мојот најдобар пријател Диего му открија дека има карцином во терминална фаза. Решив дека никогаш нема да го напуштам. Јас дури и отидов во болница со него, му помагав во домашните задачи и секогаш бев таму кога му требаше“, изјави Лука за Би-би-си. „Поради неговата смрт, сфатив што значи да се живее со болест. Затоа, почнав да волонтирам во црква во Неапол за да им помогнам на сериозно болните луѓе и на децата со посебни потреби“, раскажува тој.

Пред неколку години, по раскинувањето на долгогодишната врска со својот партнер, Лука одлучил да стане родител. Но, во Италија во тоа време сам маж не можел да посвои дете. Во почетокот на 2017 година законот се сменил и тој, конечно, беше во можност да се пријави како посвоител. Иако му било кажано дека ќе може да добие само дете со попреченост или сериозно заболување, Лук бил среќен што ќе стане родител.

,,Во јули 2017 година ме повикаа од судот. Ми рекоа дека имаат девојче за мене. Нејзиното име е Алба и има само 30 дена. Имаше Даунов синдром, а нејзината биолошка мајка ја напуштила. Покрај тоа, уште 20 семејства одбиле да ја посвојат. Веднаш се согласив. Побрзав во болницата за да ја земам. Таа беше толку мала во креветчето. Штом ја зедов во рацете, ме преплави радост. Веднаш ја доживеав како моја ќерка. Првпат во животот во рацете држев новороденче. Пред тоа секогаш се плашев да допрам мало дете, но кога првпат ја зедов Алба в раце, знаев дека сум подготвен да станам нејзин татко“, раскажува Лука.

Треба да знаете
Последни објави