Search

Героски: Верушевски му заби нож во грб на Заев

Новинарот Бранко Героски кој прв пишуваше под псевдоними за аферата „Рекет“ во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, потенцираше дека ако имало инволвираност на политичарите во делот на изнудата, на земање на поткуп или злосторничко здружување, дека тоа е предмет за јавниот обвинител.

Според него, истрагата не е завршена, но дека нема дилеми дека оваа група која склучувала криминални договори и ништовни во правна смисла и за милионски суми била предводена од Бојан Јовановски. Геровски рече го ослободил Кирацовски зошто немал докази дека тој рекетирал, но тој учествувал во овозможувањето на делото, бидејќи давал контакти на луѓе за организирање на состаноци.

„Доказите околу оваа афера не се завршени, се уште немаме видено, тоа ќе предизвика нови бранувања.“  истакна Геровски.

Не е точно дека до апсењата дојде откако се објави снимката, рече Геровски и истакна дека бил сериозно добро информиран и ги проверил сите информации, но немал матерјални докази. Ја немал видено снимката што ја објави „Ла верита“ и треба да се ревидира оценката дека до апсењата допло откако снимката отишла во „Ла верита“ и како таа дошла таму. Изворот не е тој што ја пратил снимката, туку тоа го сторил некој друг, но тоа допрва треба да се истражи.

„Нема потреба од инсинуации зошто не сум ги кажал имињата“ – вели Геровски.

Тој одрече дека не се извинил на ниту еден од вмешаните во аферата.

„Објавување на нелегално снимена снима и матерјален доказ од истрага е кривично дело. Не сум направил, такво дело и немам намера да направам такво дело во иднина. Ја немав снимката. Постои кривично дело кое се вика лажно пријавување. Не сакав некои луѓе без докази да ги клеветам и навредам, а сакав да ја раскажам приказната за која бев убеден дека е точна. До апсењата, дојде пред снимката на „Ла верита“ на мое изненадување на 10-15 јули кога не очекував. Некоја истрага работела. Она што го напишав е пренесување на допрен глас од луѓето кои ми ја кажаа вистината што се случи. Постапив на начин што одлучив да го пренесам она што беше раширен глас во јавноста и решив јас да бидам носач на гласот кој ќе допре до обвинителството.“  вели Геровски.

„Квалификацијата на осомничените не ја дадов јас, тоа го даде обвинителството, тоа го нарече случајот „Рекет“. Русковска на почетокот кога ги осомничи луѓето и кога беа притворени беа за трговија со влијание перење на пари и здружување заради овие активности. И тогаш имаше желба да се сведе на тоа како новинарството го третирало ваквиот случај. Кога пишував дека Јанева е вмешана во случајот, велеа дека немаат докази и дека и веруваат. Истражните активности што се случуваат потоа не се случуваа зошто јас сум барал, иако не видовме записник дека Заев пријавил, туку се случија зошто тие работи за кои пишував беа вистинити, а истрагата истражувала. Она што го напишав беше вистина и се докажа, својот долг како новинар го исполнив.“ – вели Геровски.

Верушевски е сведок на обвинението, а не на одбраната и дека неговата изјава е нож во грбот на премиерот Заев.

Треба да знаете
Последни објави