Search

Штипјани повикуваат на пастрмајлија и добра забава со Цеца и Даниела

Почна 13. издание на манифестацијата штипската „Пастрамајлијада“ на која вечерва бројните гости од земјава, но и од регионот кои ги очекуваат домаќините ќе ги забавува српската пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ, а утре Даниела Мартиновиќ од Хрватска. Покрај добрата храна каде ќе доминира специјалитетот штипска пастрмајлија гостите ќе можат да уживаат и во добрата забава за да имаат комплетен впечаток од престојот во градот Под Исарот.

Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и градоначалникот на Штип Благој Бочварски  заеднички го означија стартот на манифестацијата со пресекувањето на гигантската пастрамајлија.

Треба да знаете
Последни објави