Search

Сити за историја: Пет гола за 18 минути во победата над Ватфорд со 8:0

Англискиот шампион Манчестер Сити го победи Вотфорд со 8:0 и стана само седмиот тим кој постигнал 8 или повеќе голови во историјата на Премиер лигата и не го израмни или собори рекордот на Манчестер Јунајтед кој во 1995 година го совлада Ипсвич со 9:0. Но тимот на Пеп Гвардиола постигна нов рекорд постигнувајќи пет гола за само 18 минути,  што досега никому не му успеало.

 

Силва уште во 1. минута го отвори резултатот, пет минути подоцна Агуеро реализираше пенал за 2:0, а со головите на Марез, Б.Силва и Отаменди веќе во 18. минута беше 5:0.

Со тој резултат заврши полувремето. Бернардо Силва ги постигна следните два гола за хет-трик, а Де Брујне со атрактивен гол ја запечати победата од 8:0.

Вотфорд е на добар пат да стане „муштерија“ на Сити бидејќи и во претходниот натпревар загуби со 6:0.

Треба да знаете
Последни објави