Search

Пастел организира акција со велосипед за намалување на загадувањето на околината

Ресторан Пастел и Пекарница Пастел организираат креативна кампања во месец септември насловена како „Со точак во Пастел”. Целта на кампањата е во овие месеци пред почетокот на зимата да се подигне свеста за користење на велосипед за да не се загадува околината и градот.

„Земете го вашиот велосипед и посетете го Пастел на топло лепче и пецива, свежа домашна паста, вкусни пици и уникатни рецепти. Кујната на Пастел ќе ве однесе на гастрономско патување во Франција и Италија. Така ќе си дозволите да го задоволите вашиот апетит и ќе ја заштитите природата со намалување на емитувањето од околу 400 грама на јаглерод диоксид.“ порачува Игор Стојановски, извршен директор на Пастел. Тој додава дека им претставува исклучително задоволство што на овој начин се вклучуваат и во Европската недела на мобилност.

Сите кои ќе го посетат ресторанот и пекарницата се уверуваат во тоа дека во Пастел се верува во хедонизмот и во будењето на сетилата со неверојатни вкусови.

Треба да знаете
Последни објави