Search

Премиерот Заев се сретна со претседателот на Европскиот совет Туск

 Премиерот Зоран Заев на денешната средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Владата изрази очекувања за усвојување одлука за отворање преговори за пристапување во ЕУ од страна на Советот на ЕУ на 15 октомври и Европскиот совет од 17 до 18 октомври, соопшти по средбата владината прес-служба.

Туск со делегација од Советот е во посети на земјава, во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

На билатералната средба, стои во соопштението, е изразена благодарност за заложбите и поддршката на Туск за обезбедување напредок на Северна Македонија на нејзиниот пат за интеграција во Европската Унија.

– Премиерот Заев изрази благодарност за личната заложба на Туск за обезбедување гаранции за реална европска перспектива за целиот регион истакнувајќи го напредокот на земјата, во поглед на остварување на реформската агенда, особено во областа на владеењето на правото. Нагласувајќи дека до следната седница на Европскиот совет има само уште неколку недели, премиерот Заев ги посочи напорите и засилените ангажмани на Владата за обезбедување силна поддршка од земјите-членки на ЕУ за заокружување на нашата досегашна работа и одбележување заеднички историски успех со добивање одлука за почеток на пристапните преговори, информираат од Владата.

Треба да знаете
Последни објави