Search

Најмалку осум жртви во несреќа на река во Индија

Најмалку осум луѓе се удавиле, а 25 се водат како исчезнати при превртување на туристичко бротче на река во јужната индиска држава Андра Прадеш.

Во бротчето имало 60 луѓе вклучувајќи го и екипажот, а несреќата се случила на реката Годавари, соопшти локалниот функционер Санти Сваруп кој додаде дека досега се спасени 27 луѓе.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Локалните медиуми јавија дека сите патници носеле појаси за спасување.

Треба да знаете
Последни објави