Search

Почна 34. издание на „Истибањско здравоживо 2019″

Со претставување на фолклорните ансамбли од Европа, Азија и Америка, во виничкото село Истибања почна Меѓународниот фестивал „Истибањско Здравоживо 2019″.
Како што информираше Стојко Митковски, раководител на фолклорниот ансамбл „Китка” кој е организатор на настанот, фестивалот годинава ќе трае пет дена, а ќе заврши во среда, со концерт на плоштадот „Ангел Винички” во Виница.
-Фестивалот е во организација на ансамблот „Китка” од Истибања. Имаме учесници од три континенти, од Азија, Европа и од Америка. Фестивалот беше отворен со традиционалното дефиле, потоа следува зажневањето на ориз, во вторник имаме фолклорен караван во Македонска Каменица, а на официјалното затворање ќе се одржи заеднички концерт на групите учеснички, истакна Митковски.
Меѓу учесниците на „Истибањско Здравоживо 2019″ се најдоа и учесници од Израел и Украина, кои настапија со танци од својот крај.
– Доаѓаме од Украина, од мало место Славута. Групата се вика Перлинка, постоиме 22 години, а ќе се претставиме со танци и игри од нашиот регион, рекоа гостите од Украина.
Свој настап на фестивалот имаа и претставници од Соединетите Американски Држави, кои како што информираше Беки Колтер, раководител на групата, првпат гостуваат во село Истибања.
„Истибањско Здравоживо” годинава се одржува 34. пат и финансиски е поддржан од Општина Виница.
Треба да знаете
Последни објави