Search

Венецуела почна со воени вежби на границата со Колумбија

Венецуела почна воени вежби долж границата со Колумбија по наредба на претседателот Николас Мадуро.

Маневрите се одвиваат во време на тензии меѓу двете страни.

За  граничните вежби се распоредени 150.000 војници, тенкови и оклопни возила со ракети. Тие пристигнуваат на аеродромот Ла Фрија во државата Тачира во западниот дел на државата.

Минатата недела Мадуро го обвини колумбискиот претседател Иван Дуке за „маневри за предизвикување оружен конфликт” со Венецуела.

Колумбискиот лидер рече дека нема да одговори на провокацијата и исклучи  можна оружена интервенција во Венецуела. Вежбите ќе траат до 28 септември.

Треба да знаете
Последни објави