Search

Со ребалансот на буџетот во Прилеп повеќе пари за инфраструктурата

Советот на општина Прилеп денеска го усвои ребалансот на општинскиот буџет со кој градот доби повеќе пари за асфалтирање улици и за изработка на урбанистички планови во 30 населени места.

Според претседателот на Советот Миле Талески, големи се капиталните расходи што укажува дека во градот се случува градежна експанзија.

– Со ребалансот се одобрија дополнителни 55 милиони денари за реконструкција и асфалтирање на улиците во градот, како и 18 милиони денари за изработка на урбанистички планови во 30 населени места во општината. Се издвоија и средства за помош на спортските клубови, а еден милион денари  се одвоени за доизградба на црквата „Св.Наум” и за џамијата во населбата Тризла. Она што треба да се истакне е дека капиталните расходи до овој момент изнесуваат 60 милиони денари, а заклучно со 30 септември ,тие ќе достигнат над 76 милиони денари. Тоа покажува дека во градот се случува градежна експанзија и сите оние проекти кои како локална самоуправа ги донесовме, ќе бидат реализирани, изјави Талевски.

Треба да знаете
Последни објави