Search

Дескоска: Калајџиев е осамен во ставовите за СЈО

Добро е да се донесе Законот за јавно обвинителство, иако сега веќе не е ургентно. Вака министерката за правда Рената Дескоска ги коментира последните случувања откако ЈО ги прифати предметите на СЈО.

– „Се надевам дека емоциите деновиве ќе слегнат и ќе можеме да продолжиме со разговорите од вторник”, вели таа за 360 степени.

Го коментира и универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев кој е револтиран што на СЈО ќе му се стави клуч на врата.

– „Калајџиев беше осамен во ставовите“, вели Дескоска, откако тој обвини дека намерата е СЈО да згасне.

Треба да знаете
Последни објави