Search

Словенец со измама земал 100 евра од свештеник

Словенец е осомничен дека одзел пари од свештеник од кај Бања Лука за наводно да ја одблокира својата сметка, а потоа да плати донација за верски објект, пренесуваат локалните медиуми.

Полициското одделение објави дека извесен Франц С. на возраст од 67 години се товари дека зел пари од верски чиновник, со ветување дека со позајмените пари ќе ја одблокира својаа сметка од која ќе направи донација за верски објект, но такво нешто не направил.

Како што дознаваат медиумите, Словенецот е обвинет за одземање на 100 евра од свештеникот.

На 31 август, полицајците од Полициската станица Челинац го идентификувале и привеле Ф.С. од Словенија, осомничен дека извршил кривично дело измама.

Треба да знаете
Последни објави