Search

САД и десет земји од југоисточна Азија почнаа воени маневри во Јужнокинеското море

Маневрите на воените морнарици на САД и на десет земји од југоисточна Азија почнаа денеска, а набљудувачите тоа го гледаат како зајакнување на ривалството меѓу САД и Кина.

Осум воени бродови, четири борбени авиони и повеќе од илјада војници треба да учествуваат во овие заеднички вежби, кои се одржуваат во морнарската база јужно од тајландското летувалиште Патаја.

Маневрите траат пет дена во Тајландскиот залив во Јужнокинеското море, објави американската амбасада во Банкок.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на регионалниот самит со 10 земји членки на Здружението на држави од југоисточна Азија (АСЕАН) учествуваше поради промоција на индо-пацифичката стратегија на претседателот Доналд Трамп. Тоа е оценето како провокација за Кина, додека води трговска војна со Вашингтон.

Двете сили се во судир во јужнокинеското море, богато со ресурси, а на кое речиси целосно право полага Пекинг, а селумно и Виетнам, Филипини, Малезија и Брунеи.

Треба да знаете
Последни објави