Search

Новиот филм на режисерот Ричард Линклејтер ќе се снима 20 години

Американскиот режисер Ричард Линклејтер, познат по неговите амбициозни и необични проекти, изјави дека снимањето на неговиот најнов филм ќе трае 20 години.

Линклејтер го снимаше филмот Boyhood 12 години, што му овозоможи на главниот актер природно да остаре од пет до 19 години. Филмот кој излезе во 2014 година е добитник на Оскар, Залтен глобус и БАФТА.

Линклејтер сака да го урне рекордот во најдолго снимање филм со адаптација на мјузиклот на Стивен Сонхајм Merrily We Roll Along, приказна за композитор кој го напушта Бродвеј за да стане филмски продуцент во Холивуд.

Линклејтер на почетокот на 90-ите години го стекна статусот на еден од најзначајните режисери во независната кинематографија. Во 1995 година беше прикажан првиот дел од неговата трилогија Before Sunrise, кој заедно со продолженија Before Sunset и Before Midnight важат за едни од најдобрите љубовни филмови на сите времиња.

Треба да знаете
Последни објави