Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед се најде во група со белградски Партизан во второто по ранг клупско натпреаврување Лига Европа, на УЕФА. Покрај овие две екипи во групата Л ќе играат и Астан и Аз Алкмар.
Македонија нема свој екипен претставник, но ќе има двајца поединци во ова натпреаврување. Стефан Ристовски со португалскиот Спортигн Лисабон ќе ига против ПСВ Ајндховен, ЛАСК и Розенборг, а Стефан Спировски со Ференцварош ќе имаат европска есен со ЦСКА Москва, Лудогорец и Еспањол.