Search

Сугарески: Активно се користи градежната сезона за подобрување на патната инфраструктура

 Максимално се користи градежната сезона и интензивно се работи на патната инфраструктура, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој денеска со директорот на „Македонија пат”  Беким Мемеди и со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски беше на увид на реконструкцијата на регионалниот пат Кадино Село – Галичани во прилепско.

-Сериозно сме посветени на обновата и изградбата на инфраструктурата не само во Пелагонискиот, туку и во сите региони. До крајот на градежната сезона голем број регионални и локални патишта ќе бидат санирани. Денеска сме во обиколка и на увид на одредени регионални патишта во Пелагонискиот регион на кои се врши санација. За нас е исклучително важно овој период да ја подобриме инфраструктурата. На увид сме на работите на рекострукцијата на патот кој води од Галичани кон Кадино Село и кон Боротино и Кривогаштанскиот регион. Во моментов се санира, а догодина ќе направиме целосна рехабилитација и реконструкција на овој пат. Ова го бараат земјоделците од овој регион за кои е и реална потреба. Се надевам дека работите ќе ги подобриме зашто оваа санација се прави првпат по повеќе од 20 години. Овие денови и во овој период интензивно ќе се работи, изјави Сугарески.

Министерот ги повика градоначалниците од Пелагонискиот регион активно да аплицираат за проектот на Светска банка, вреден 70 милиони евра, велејќи дека активно ќе се работи на инфраструктурата во општините.

– До октомври очекуваме градоначалниците да аплицираат со проекти, технички издржани за да помогнеме и да се издвојат средства за изградбата на локалните патишта, рече Сугарески.

Министерот за транспорт и врски најави дека во програмата на ЈП за државни патишта во наредниот период е целосното обновување на патниот правец од Кривогаштани кон Крушево, а што се однесува до магистралниот пат Прилеп-Битола, тој уште еднаш потенцираше дека во тек е тендерирањето на проектот.

– Се работи на автопатсклото решение за патниот правец Прилеп-Битола.  Сите постапки се почнати. Во овој момент не можеме да кажеме како и кога ќе се одвиваат работите, но факт е дека ќе биде паралелно инфраструктурно решение со новиот експресен пат Битола-Меџитлија, објасни Сугарески.

Директорот на Јавното претпријатие „Македонија пат”, Беким Мемеди нагласи дека претпријатието има одлична соработка со општините.

-Во овој случај, одлично соработуваме со општина Прилеп, па и со Министерството за транспорт и врски. Денеска почнавме со санација на патниот правец Кадино Село-Боротино-Галичани, а од утре продолжуваме спрема другите населени места. „Македонија пат” во наредниот период ќе учествува и со неколку проективо Пелагонискиот регион. На пример, денеска почнавме и проект во Општина Долнени, од населеното место црнилиште па до Општина Чашка. Тој пат се асфалтира првпат по 50-ина години. Ова е со големи придобивки и патот на жителите од Долнени кон Чашка се скратува за 60 километри. Значи жителите не мора да патуваат преку Прилеп и Плетвар, туку директоно, од Долнени, преку Бабуна ќе се приклучат на автопатот кај Велес, со што за 60 километри ќе им се скрати патувањето и ќе биде кократок патниот правец кон Скопје. Освен тоа, „Македонија пат” ќе учествува во изградбата на хоризонталната и вертикалнта сигнализација. Комплетно е облежат патниот правец Прилеп-Битола, а од утре ќе се обележува патниот правец кон Плетвар, рече Мемеди.

„Македонија пат” најавува дека во наредните 10-ина дена ќе почне комплетното асфалтирање на патниот правец Воѓани-Бучин во Кривогаштанско и Крушевскиот регион што ќе чини 10 милиони денари што се очекува да придонесе за развојот на земјоделството и на патната инфраструктура во регионот.

Според градоначалникот Јованоски, општината активно ги реконструира патните правци во градот и во населените места.

– Во програмата за оваа година на Општината се рехабилитираат ударните дупки на птниот правец Галичани – Кадино село – Боротино со помош на „Македонија пат”. Рехабилитацијата на регионалниот пат ќе биде наредните неколку недели. Ќе продолжиме со инфраструктурни зафати на регионалниот пат од Тополчани спрема Канатларци, рече Јованоски.

Треба да знаете
Последни објави