Search

Претседателот на Боливија изгубен во џунгла еден час

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, беше изгубен во џунгла околу еден час додека ги придружуваше пожарникарите кои се борат со пожари.

-Имав мала авантура минатата вечер. Бев изгубен околу еден час, но благодарение на војниците, го најдов патот за назад, изјави со насмевка Моралес пред новинарите минатата ноќ.

Телевизијата Уно објави кратко аматерско видео во кое Моралес среде ноќ повторува „Каде сте? Каде сте?”

Претседателот се изгуби во шума недалеку од селото Каваљо Муерто, на истокот на земјата.

Моралес рече дека има 342 пожари во областа, двојно повеќе од претходниот ден.

Пожарите од мај уништија 1,2 милиони хектари шума во Боливија.

Треба да знаете
Последни објави