Search

Потпишување договори со питомци за стручно оспособување и усовршување

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” денеска свечено ќе бидат потпишани договори за стручно оспособување и усовршување со примените кандидати на Конкурсот за запишување на слушатели со завршен прв циклус на студии, за потребите на Министерството за одбрана и Армијата.

Кандидатите по завршувањето на шестмесечниот циклус на стручно оспособување и усовршување, ќе се стекнат со офицерски чинови и ќе бидат вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија. За првпат, кандидатите за време на обуката ќе земаат надоместок во висина од месечна просечна плата, односно околу 25.000 денари.

На потпишувањето на договорите ќе присуствува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Треба да знаете
Последни објави