Search

Нова несреќа на Татрите – гром погоди тројца планинари

Гром погоди три лица што планинареле на планинскиот венец Татри, каде што минатата недела од удар на молња загинаа петмина луѓе, соопштија полските власти.

Шефот за обезбедувањето на Националниот парк на Татрите, Едвард Влазло, изјави дека при невреме гром погодил три лица што планинареле јужно од одморалиштето Закопане.

Според најновите информации станува збор за брачен пар и нивното 7-годишно дете. Тие биле пренесени во болница во Закопане, а лекарите изјавиле дека повредените не се во животна опасност.

Четворица туристи загинаа од грмежи при ненадејно невреме на 22 август од полската страна на Татрите, а еден турист животот го загуби на словачката страна од планинскиот венец.

Треба да знаете
Последни објави