Search

„Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот” објавена на српски јазик

Деновиве од печат излезе српското издание на книгата на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти Искра Чоловиќ и Свето Стаменов „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот”, („Лабудова песма Заробљенице ветра“), посветена на првата македонска поетеса и основоположничка на тнр. женско писмо во современата македонска поезија и литература воопшто Даница Ручигај, која загина во скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година.

Книгата, чие македонско издание се појави во 2016 година, на српски јазик ја преведе и ја приреди познатата српска поетеса, преведувачка и литературна критичарка од Нови Сад Снежана Алексиќ – Станојловиќ.

Оваа книга, всушност, произлезе од радио – елегијата што по ист наслов беше емитувана на програмата на Македонското радио – Радио Скопје и е дел од мега аудио – книжевниот проект „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!” и како таква е есенција за најважното, најскапоценото, но и најсетното од животописот, но и поетопис за најпоетесата меѓу македонските поетеси, раскошната и незаборавна Даница Ручигај, која остави длабоки и неизбршливи траги не само во современата македонска поезија, туку и во македонската култура воопшто.

Треба да знаете
Последни објави