Search

Доделување на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

– Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска ќе ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство.

Целта на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство во Западен Балкан и Турција е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство, како и да се зголеми видливоста на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција.

Наградите се дел од тековниот проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција”.

Партнери во спроведувањето на проектот се Балканската истражувачка репортерска мрежа и осум медиумски организации од регионот. Како дел од конзорциумот, активностите во Северна Македонија ги координира Независниот синдикат на новинари и медиумски работници. 

Треба да знаете
Последни објави