Search

Американските разузнавачи дознаа која била вистинската причина за екплозијата кај Северодвинск

Инцидентот кај Севердвинск не се случил за време на тестирање на ракета со нуклеаран погон, туку при обид таа да се извлече од дното на морето откако потонала при неуспешен обид на лансирање, се вели во извештај на американските разузнавачки служби, објави „Си-Ен-Би-Си”.

Се истакнува дека експлозијата се случила на еден од трите пловила што учествувале во спасувачката мисија, кога „била предизвикана реакција во нуклеарното јадро на ракетата, што предизвикало и протекување на радиактивни елементи” во регионот.

Во деновите и неделите после инцидентот, кој се случи на 8 август, руските власти излегоа со контрадикторни информации за тоа што навистина се случило, колку имало загинати или ранети, и дали се зголемила радијацијата во регионот, како и дали е тоа опасно по здравјето на луѓето.

Два дена по инцидентот, руската атомска агенција „Росатом” откри дека петмина нејзини вработени починале за време на „техничко-инжинерски тестирања на гориво од радиаоктивен изотоп за ракета на течно гориво”.

Сателитските снимки објавени веднаш после експлозијата покажуваат танкери во близина на платформи за испитување кои „Росатом” ги користи за евакуација и складирање на радиоактивен отпад. Два такви танкери биле забележани како од сателитски снимки така и од локални лица, на 8 и на 14 август.

Како што објави „Радио слободна Европа”, според пораките добиено од „чат рум” на локални риболовци „воените власти биле вклучени во операција на извлекување на ракетна боева глава која била изгубена лани за време на тестирање на полигонот во Њонокс”.

Треба да знаете
Последни објави