Search

Портали со фантомски новинари во земјата на лажните вести

Портали со фантомски новинари во земјата на лажните вести

Дали и на кој медиум, особено во делот на интернет просторот, може да му се верува, е прашање со коешто граѓаните одамна имаат дилема, а во последно време со истото прашање се зафатија и премиерот и министрите, особено во делот за тоа на кои информации објавени на интернет порталите може и треба да им се верува.

Прашањето за лажните вести одамна е отворено во светски рамки, а земјава стана позната како land of fake news (земја на лажни вести) уште со избивањето на скандалот при изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и инволвираноста на лажните велешки сајтови во тој процес.

Во секој случај, алармот се пали само по потреба кога станува збор за политичарите, но не и за граѓаните, кои во секој момент се должни да имаат проверена и точна информација, бидејќи искуството покажува дека лажните вести знаат да направат многу поголеми штети врз општеството од она што навидум изгледа.

Редакцијата на А1он изработи истражување во кое беа опфатени шеесетина веб портали, вклучително и оние на телевизиите, кои исто така објавуваат вести на нивните вебстраници, без дополнителни истражувања кои стои зад нив, односно гледавме дали на самиот портал е транспарентно објавена фирмата на која е регистиран порталот, дали има контакт адреса и телефон, дали се знае кој е уредникот на порталот, дали таму работат повеќе новинари или пак станува збор за човек-портал, дали е нагласено дека во порталот е ангажиран лектор итн.

Целото истражување на А1он погледнете го на следниов ЛИНК.

Треба да знаете
Последни објави