Search

Русија и Турција разговараат за испорака на руски борбени авиони

Русија и Турција разговараат за можна испорака на руските борбени авиони Сухој 57 и Су-35 во Турција, изјавил руски функционер, пренесува агенцијата РИА.

Русија оваа година почна со испорака на ракетниот систем С-400, што резултираше со влошување на односите на Турција со сојузниците на НАТО, а Вашингтон започна да ја исклучува Турција од програмата за продажба на авиони Ф-35 во таа земја.

Шефот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугаев, рекол дека денеска планира да разговара со турските колеги за системот за противракетна одбрана С-400, како и за можната испорака на авиони Су-35 или Су-57.

„Тие покажаа интерес, но рано е да се зборува за преговори за договор. Барање не е доставено, првин мора да одржиме консултации“, рекол Шугаев.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера по разговорот со рускиот претседател, Владимир Путин, во Москва, изјави дека Турција сака да ја продолжи соработката со Русија во одбраната и трговијата со авиони.

Треба да знаете
Последни објави