Search

Пожари во две атински населби

Во шумски делови во две атински населби, во југоистичниот и во северниот дел, претпладнево избија пожари во кои интервенираат над 40 пожарникари.

Според противпожарната служба на Грција, во пожарот во близина на населбата Виронас, во југоистичниот дел на Атина, со огнените јазици се справуваат 32 пожарникари со 15 возила, еден хеликоптер, како и возила на волонтери, додека пак, грчката полиција затвори неколку улици за сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина.

Вториот пожар е со помал интензитет, во населбата Галаци, каде интервенираат 12 пожарникари со четири возила.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција соопшти дека денеска и утре постои многу висока опасност од пожари во неколку делови на земјата.

Во изминатите 24 часа, од 19 часот во понеделникот, заклучно со 19 часот вчера, грчката противпожарна служба со 515 пожарникари, 222 возила и авиони и хеликоптери интервенирала во гаснење на 53 шумски пожари.

Треба да знаете
Последни објави