Search

Бесплатен оброк за сиромашните – рестораните на Џон Бон Џови се пример за хуманост

Популарниот пејач Џон Бон Џови отвори два ресторани во кои сиромашните може да добијат бесплатен оброк.

Името на непрофитната организација и на рестораните е „Соул кичен“. Во рестораните мениата се без цени, а плаќањето на сметката не е обврска. Оние кои што се во можност може да остават 20 долари, додека оние кои немаат пари може да јадат бесплатно, а подоцна да волонтираат во кујната.

Според податоците 51 отсто од оброците се платени преку донации, а преостанатите 49 се покриени со добрволна работа.

Мотото на рестораните е: „Сите се добредојдени“.

Првиот ваков ресторан е отворен во 2011 година во Њу Џерси каде што е роден Џон Бон Џови. Вториот ресторан е отворен во 2016 година во подрачјето кое настрада од ураганот Сенди.

„На нашите мениа нема цени. Ако сте во можност ќе може да учествувате во работата – да  брише маси, да миете садови или да работите во градината“, рекол пејачот.

Во рестораните не постои резервација. На менито секогаш има предјадење, главно јадење и десерт, а менито се менува на секои 10 дена

Треба да знаете
Последни објави