Во Словенија уапсена меѓународна банда криумчари на мигранти

Словенечката полиција соопшти дека близу Копар уапсила три лица кои криумчареле 21 мигрант.

Тие се фатени по пријава на граѓани, додека ги превезувале мигрантите, јави Хина.

Приведените се државјани на Словенија, Босна и Херцеговина и Романија.

Странците кои незаконски влегле во Словенија главно се мигранти од Сирија, Турција и Авганистан, а пронајдени се во близина на пограничното место Козина.

Треба да знаете
Последни објави