Search

Упис на тренери – кандидати за УЕФА А диплома

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија распишува упис на тренери – кандидати за посета на курс за добивање на УЕФА А Диплома.

Според ФФМ, за уписот на курсот се предвиден 10 места, а доколку се пријават повеќе од 10 кандидати, Центарот за едукација на ФФМ го задржува правото да изврши дополнително тестирање на кандидатите за прием во групата.

Заинтересираните кандидати треба своите барања и документи да ги достават до архивата на ФФМ или по пошта на адреса бул. АСНОМ 21, 1000 Скопје – најдоцна до 5 септември 2019.

Од Фудбалската федерација наведуваат дека кандидатите кoи претходно годинава се пријавија за УЕФА А Курсот – нема потреба повторно да се пријавуваат, односно, доставените пријави, документи и уплати се валидни.

По завршување на уписот и формирање на групите, примените кандидати ќе бидат известени за термините на одржување на семинарите.

Треба да знаете
Последни објави