Search

Хаос во СЈО: „Ако не ме браните, ќе пропаднете сите со мене“ им порачала Катица на колегите

Атмосферата во СЈО која изминативе денови била тензична кулуминирала денеска кога шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева наредила обвинителите да бидат проверувани кога влегуваат и излегуваат од зградата на Специјалното јавно обвинителство.

Според НоваТВ, тензиите започнале уште во понеделникот, кога Јанева по враќањето од одмор свикала колегиум на обвинителите. На овој состанок, Јанева им се заканила на присутните дека „ако не ме браните, ќе пропаднете сите со мене“. Еден обвинител кој присуствувал на состанокот за НОВА вели дека Јанева цели три часа колку што траел состанокот,  се обидувала да ги убеди дека во случајот „Рекет“ таа е злоупотребена и поради тоа колегите треба да ја поддржат.

Но состанокот завршил со расправија кога еден од обвинителите искоментирал дека Јанева ја изневерила довербата на граѓаните со постапките кои ги направила и дека треба да жали поради тоа. По ова шефицата на СЈО на висок тон се заканила дека сите ќе добијат откази.

-Ако пропаднам јас, ќе пропаднете и вие. Ако треба ќе измислам и работи за вас, рекла Јанева, тврди обвинител.

Треба да знаете
Последни објави