Search

Гајсер утре ќе пука нова „Рекет-бомба“

Ларис Гајсер, новинарот на италјанскиот весник „Ла Верита“ најви дека утре ќе обелодени нови моменти за „Случајот Рекет“, кој е главна топ-тема изминатава недела во земјава, а со големо внимание се следи и во поширокото опкружување. На својот фејсбук профил Гајсер објави дека новите детали од „рекет-бомбата“ ќе одекнат утре, во 11 часот, при неговото гостување во Радио Каподистрија.

Во три наврати онлајн изданието од италјанскиот весник „Ла Верита“ објави видео и аудио снимки од случајот „Рекет“ во кој тајкунот Орце Камчев дал 1,5 милиони евра за да биде пуштен од притвор. Тој е обвинет во случајот на СЈО под името „Империја“.

https://www.facebook.com/laris.gaiser/posts/10156124914707443

Треба да знаете
Последни објави