Search

ОН загрижени поради новите американски санкции против Венецуела

Комесарката за човекови права на ОН Мишел Бачелет изрази загриженост од „потенцијално тешките последици” од новите американски санкции против Венецуела врз човековите права на нејзините граѓани.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави оваа недела дека ги замрзнува средствата на Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и им забранува на американските компании да работат со таа држава.

– Санкциите се екстремно широки и тие не содржат доволно мерки за олеснување на нивните последици за најранливите категории од населението, истакна Бачелет.

Таа стравува дека тоа ќе има долгорочни последици по правото на здравствена заштита и храна во земјата каде постои сериозен недостиг на основни животни намирници.

– Обемот на венецуелската економија се намали за 47,6 отсто во периодот меѓу 2013 и 2018 година. Санкциите воведени од 2017 година ги влошија последиците од економската криза во земјата, додаде Бачелет.

Треба да знаете
Последни објави