Search

Муслимани од САД собираат пари за кауција на притворени мигранти

Исламска непрофитна иницијатива во САД собра 13.000 долари за да ослободи притворени мигранти, соопшти агенцијата „Анадолија“.

Кампањата „Муслиманите за мигрантите“ (анг. Muslims for Migrants) започна во понеделникот откако „Славиме милост“ (анг. CelebrateMercy) претходно собра 10.000 долари за две недели.

„Не можам ни да замислам подобра цел од тоа да ги насочиме овие средства кон ослободување на мигрантите од притвор“, вели Рајан Смит, менаџер на заедницата на мигранти во притвор.

„За жал немаме доволно средства, а семејствата за кои работам понекогаш чекаат 8 – 12 месеци за да бидат пуштени“, додава Смит.

Преку 50.000 лица во моментов се затворени во просториите за имиграција и царина, додека пак 20.000 се наоѓаат во центрите за царина и гранична безбедност. Уште 11.000 се сместени во центри при министерството за здравство на САД.

Мигрантите, кои се без документација или се нелегални азиланти, се држат во „притвор“ додека не бидат повикани на сослушување на кое судот ќе реши дали тие ќе останат во земјата.

Според фондацијата „Слобода за имигранти“ (анг. Freedom for Immigrants) кауцијата за ослободување на имигрантите е значително повисока од кауција за кривично дело, во просек изнесува околу 14.500 долари, а не ретко може да достигне и до 250.000 долари.

Смит вели дека во неговите случаи кауцијата изнесувала помеѓу 10.000 – 15.500 долари.

Треба да знаете
Последни објави