Search

Британец уапсен поради пцуење на аеродром во Оман

Уапсениот Лес Браг (41) од Портсмаут, се враќал од Филипините каде што работел како инструктор за нуркање бидејќи здравјето на неговата мајка нагло се влошило, објави „Мирор“.

На пат кон дома, Лес преседнал на аеродромот Мускат во Оман, каде што чекал лет за Лондон.

Откако наводно опцул, тој бил уапсен.

Според „Сан онлајн“, неговата пријателка Лора Вестон објаснила дека Лес опцул кога открил дека неговиот лет за Хитроу во Лондон е одложен. Потоа го уапсила полицијата, која дополнително утврдила дека мириса на алкохол затоа што пиел во авионот до Оман.

Лес се наоѓа во затворот Арзат, во градот Салалах, и треба да плати 22 000 фунти за да биде ослободен.

Лора започна кампања за собирање средства за да го ослободи Лес од затвор.

Треба да знаете
Последни објави