Search

Бугарија купува оклопни возила од европските земји

Бугарија побара понуди од четири европски земји за продажба на 150 оклопни возила, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Бугарија, која стана членка на НАТО во 2004 година, распиша тендер вреден околу 836 милиони долари, обраќајќи им се на Германија, Финска, Франција и Швајцарија да испратат понуди, се наведува во соопштението.

Меѓу потенцијалните доставувачи се германскиот „Артек”, францускиот „Некстер” и финската „Патрија”.

Софија бара од производителите да достават понуди до 31 октомври, а најповолната понуда ќе биде позната на 20 декември.

НАТО ги охрабрува своите источни членки да развиваат, купуваат и користат нова опрема од Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави