Search

Ѓилас: Нема да учествуваме во дијалогот за изборите ако тој не биде отворен за јавноста

Лидерот на опозицискиот Сојузот за Србија (СзС) и претседател на Партијата за правда и слобода (ССП), Драган Ѓилас, преку соопштение денеска ги информира организаторите на тркалезната маса за изборните услови на Факултетот за политички науки (ФПН), дека тој лично и неговата партија ССП нема да учествуваат на идните состаноци, ако тие не бидат отворени за јавноста, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓилас во соопштението наведува дека тој и покрај изнесениот став дека опозицијата треба да ги бојкотира изборите, што треба да се одржат идната пролет, тој прифатил учеството на тркалезната маса со власта на ФПН, со цел да направи се што може за да ги намали тензиите во Србија.

– Прифатив да седам со луѓе кои во една хајка, многу пати ме обвинија дека сум криминалец, крадец,фашист… поради што последиците ги трпам јас и моите деца и пријатели. Преминав преку тоа што не беше информирана јавноста за собирот, на кој учествуваа педесетина лица, со што јавноста заклучи дека е во прашање таен собир на кој опозицијата отстапила од барањата дефинираниза време на осумесечните граѓански протести, посочи Ѓилас.

Тој потсети дека го прифатил правилото на организаторите, состаноците да се затворени за јавноста, што другата страна не го почитувала, со што, (премиерката) „Ана Брнабиќ и таблоидот Информер или обратно, на јавноста и пренесоа невистини за содржината на разговорите”, како и дека еден од организаторите Милан Антонијевиќ од Фондот за отворено општество, кажал дека „разгорите биле конструктивни и дека за бојкот на изборите не се разговарало.”

Со цел да се избегне давање на погрешна слика на јавноста за тоа што се случува зад затворени врати, Ѓилас предложи таа да биде отворена за претставниците на медиумите и секој граѓанин лично да може да види и да слушне кој како се однесува и кави ставови застапува.

– Доколку постои желба Србија да се трансформира во слободно и демократско општество, на никој од учесниците нема да му претставува проблем, граѓаните на Србија и на ваков начин да се запознаат со ставовите на учесниците. Во спротивно сето ова ќе се претвори во циркус во кој секој ќе изнесува свои ставови за тоа што се случува на тркалезната маса. А во тоа ниту ССП, ниту јас лично нема да учествуваме, порача Ѓилас во отвореното писмо до Милан Антонијевиќ и Фондацијата Отворено општество.

Треба да знаете
Последни објави