Search

Ферибот со 1.365 патници поради дефект на моторот се врати на пристаништето во Атина

Ферибот со 1365 патници што во шест часот и 45 минути утрово тргнал од Пиреас пет и пол часа подоцна наместо на крајната дестинација, се врати на атинското пристаниште поради дефект на моторот, јави дописничката на МИА од Атина.

Патниците безбедно стигнаа на најголемото грчко пристаниште, а до нивните дестинации ќе ги бидат пренесени со други бродови во текот на денот.

На бродот „Блу стар Наксос” додека пловел меѓу островите Кеа и Китнос околу девет часот и 30 минути се појавил дефектот и според грчките медиуми, капетанот решил да се врати назад, а тоа им било соопштено и на патниците.

Треба да знаете
Последни објави