Search

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Србин поради љубомора го нападнал пријателот и му ја расекол главата во Шпанија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Србин поради љубомора го нападнал пријателот и му ја расекол главата во Шпанија

Србинот кој е уапсен во шпанското летувалиште Коста дел Сол го колел својот пријател и сограѓанин на балкон од хотел пред многу туристи поради љубомора, пренесуваат шпанските медиуми.

Морничавите сцени на насилство го опколија светот. Имено, локалните медиуми на кои се гледа како маж со кујнски нож му го сече грлото на друг маж, кој го врзал за оградата од балконот, додека преку очи му ставил пешкир.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, постои сомнение дека за крвпролевањето причина било тоа што осомничениот маж се посомневал дека сопругата го изневерува со пријателот, однсно со човекот кој се обидувал да го заколе.

Како што дознава Курир.рс, уапсениот и повредениот биле сослушани во полиција, каде наводно раскажале дека со години се добри пријатели.

-Тоа ми е пријател! Го сакам како брат и не знам што му се случи. Многу ми помагаше во животот. Сигурен сум дека не сакаше да ме убие. Веројатно некој му истурил нешто во пијалокот поради што подиве и почна да ме обвинува – им рекол нападнатиот маж на полицајците.

Судијата побарал од него да го опише ден и да раскаже како дошло до конфликт, па тој кажал се.

-Тоа утро отидовме на плажа. На враќање свративме до една болница, каде ни препишаа некои препарати за подмладување. Испивме пијалок во кафуле и се вративме дома. Отидов да се туширам, а мојот пријател почна да подготвува ручек. Кога се вратив во кујна, беше расположен. Рече дека го пробал препаратот и после неколку минути – бум. Тотално се промени – раскажал нападнатиот Србин.

Повредениот маж бил згрижен во болница. Се испоставило дека му направил рана на грлото која морала да биде зашиена со 11 конци.

 

Треба да знаете
Последни објави