Search

ФОТО: Ова се сестрите во Загреб убиени од љубоморниот таксист

Во злосторство какво не се памети во новата хрватска историја, убиени се 6 луѓе меѓу кои едно дете на возраст од 10 години.Убиецот до смрт исрешета двајца мажи, три жени додека бебе за чудо преживеало.

Убиецот е роден во Вуковар во 1983 година. Има 36 години и се вика Игор Наѓ, по порофесија тасиста. Неговиот автомобил „Шкода октавија“ бил пронајден на местото каде извршил самоубиство по грозоморното злосторство. Според пишувањата на медиумите, Игор со една од жртвите имал бебе, кое во масакрот не било убиено.Како што неофицијално дознава Вјести.хр, убиените сестри се Маја и Јосипа Тојагиќ, а 10-годишното момче најверојатно бил син на Маја. Меѓу убиените се и Драгомир Тојагиќ и Фиљке Тојагиќ.

Маја за осум дена требала да го прослави 35. роденден. Според првичните неофицијални информации, убиецот најверојатно бил момче на Маја.

 

На местото на крвопролевањето синоќа еден час после полноќ пристигнал и началникот на Полициската управа на Загреб. Загрепската полиција потврдила дека во 04:10 часот убиецот извршил самоубиство. Новинари на Вјести.хр разговарале со поранешна колешка на Маја. Таа со неа работела 2 години.

-Маја беше добра девојка и добра колешка. Работевме во еден салон за масажа. Игор доаѓаше кај неа на масажа и така ја започнаа врската. Таа беше разведена и имаше дете. За детето навистина се грижеше како вистинска мајка. За Игор не знам дека се занимавал со дрога ниту дека бил дилер. Маја никогаш не се жалеше од него, но тоа беше почеток на нивната врска. Не знам што во меѓувреме се случувало затоа што не бевме во контакт. Сестра ѝ не ја познавав. Не знам дали бебето кое преживеало е нејзиното и на Игор затоа што таа објавуваше многу заеднички фотографии со нејзиниот син, па зошто не би објавила и од бебето. Но, не можам со сигурност да тврдам, рекла колешката.

 

Треба да знаете
Последни објави