Search

Турција нема да депортира Сиријци

Турција нема да ги депортира мигрантите од Сирија, но ќе преземе мерки за да се заштити од нелегална миграција, изјави директорот на одделот за миграција при Министерството за внатрешни работи на Република Турција.

„Од правен аспект невозможно е да се донесе решение за депортација на бегалците од Сирија поради моментната состојба во земјата“, вели Абдулах Ајаз.

Тој додава дека тековниот процес на преместување на мигрантите од Истанбул на други места нема никаква врска со депортација.

„Голем број Сиријци живеат во Истанбул и покрај тоа што тие се регистрирани во други градови“, вели Ајаз.

„Очекуваме тие да се вратат во градовите во кои се регистрирале“, појасни тој.

Ајаз посочи дека мигрантите од Сирија, кои не се воопшто регистрирани, биле транспортирани во кампови.

„Кога регистрацијата ќе биде комплетирана, тие ќе бидат префрлени во други градови“.

Тој објасни дека поради преголемата населеност на сириски бегалци во Истанбул, регистрацијата за оваа метропола е затворена.

Ајаз додава дека моментната акција се однесува на нелегални мигранти, а не на Сиријци.

„Презедовме мерки против 12.000 нелегални мигранти во последните 15 дена. Меѓу нив има 4.700 лица од Авганистан и 3.000 од Пакистан, а другите се од разни националности“.

Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека депортацијата не доаѓа предвидд за оние Сиријци што се под привремена заштита или имаат дозвола за престој или за странци на кои им е одобрен статус на меѓународна заштита.

Треба да знаете
Последни објави