Search

Романскиот министер за внатрешни поднесе оставка

Министерот за внатрешни работи на Романија се повлече од функцијата по скандалот со убиството на две тинејџерки.

Јавноста неодамна беше разгневена поради убиствата на Александра Мацесану (15) и Луиза Меленку (18) во јужниот град Каракал.

Мецесану се јавила на европскиот број за итни случаи 112, но на властите им биле потребни 19 часа да ја лоцираат, неуспешно обидувајќи се да ги следат нејзините повици и да обезбедат непотребни потерници.

Николае Мога, кој беше на оваа функција само шест дена, во вторникот поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи на Романија.

Истрагата покажаа дека политизираните тела за јавна безбедност се недоволно финансирани, имаат недостаток од кадри и се недоволно обучени, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на полицијата во Романија и неколку окружни службеници веќе беа отпуштени поради случајот.

Претседателот Клаус Јоханис рече дека истрагата претставена на состанокот на Врховниот совет за одбрана во вторникот, идентификувала серија „сериозни недостатоци“.

Покрај доцнењата, властите не ги следеле протоколите за пребарување и спасување на деца.

„Откриено е дека институциите надлежни за јавниот ред и безбедност … не успеаа, по низата неприфатливи грешки, да го обезбедат основното право на живот“, рече тој.

Јоханис додаде дека побарал од владата на социјалдемократите да воведат мерки до крајот на август за подобрување на соработката и на системите за брза реакција на институциите за јавна безбедност, вклучително и технологија за лоцирање на повиците на бројот 112.

Треба да знаете
Последни објави