Принцезата од Дубаи бара заштита од судот во Велика Британија

Отуѓената шеста сопруга на владетелот на Дубаи, принцезата Хаја бинт ал-Хусеин, побара од Лондонскиот суд во вторникот наредба за заштита на лице принудено на брак, пренесува „Брејтбарт“.

Принцезата Хаја (45), ќерка на кралот Хусеин од Јордан и сопруга на шеикот Мохамед бин Рашад ал-Мактум (70), го изнела барањето за заштита на прелиминарната расправа во Семејниот суд во Лондон за децата на двојката. Хаја побарала и старателство над нивните две деца и наредба за немалтретирање.

Нејзиниот сопруг, кој истовремено е потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати, покрај тоа што е владетел на Дубаи, не присуствуваше на рочиштето. Тој поднесе барање до Високиот суд за враќање на децата во Дубаи откако ги напуштија ОАЕ со принцезата Хаја на почетокот на годинава.

Неговите адвокати побараа од претседателот на Семејниот суд, Сер Ендрју Мекфарлан, да го ограничи известувањето за случајот, што Мекфарлејн го одби, дозволувајќи им на медиумите да откријат што бара Хаја. Во заедничката изјава за постапката претходно овој месец, парот рече дека постапките се однесуваат ба добросостојбата на двете деца од нивниот брак и не се однесуваат на развод или финансии.

Повеќе од 1.800 налози за заштита на лица во принуден брак се издадени меѓу 2008 и 2018 година за да се спречи оваа незаконска практика и Велика Британија ги забележа своите први успешни гонења минатата година.

Треба да знаете
Последни објави