Search

На границата помеѓу Америка и Мексико поставени клацкалки како знак за економската поврзаност на двете земји

Оградата на границата меѓу Мексико и Соединетите американски држави стана игралиште за деца од двете држави, кои сега можат да се нишаат на клацкалки изградени низ нејзините метални шипки.

Трите светли розови клацкалки беа поставени од калифорниските архитекти Роналд Раел и Вирџинија Сан Фратело, а инсталацијата е наменета „како признание за дејствата што се случуваат од едната страна и имаат директно влијание врз друга страна“, напиша Раел на својот профил на Инстаграм.

Проектот ја симболизира „деликатната рамнотежа“ меѓу САД и Мексико и нивната економска меѓузависност, велат архитектите.

„Мексиканците доаѓаат во САД за да најдат работа, но честопати копнеат да живеат комфорно во сопствената земја. Американската индустрија и земјоделството зависат од имигрантите, но Министерството за внатрешна безбедност, граничната патрола и службите за имиграција и натурализација го отежнуваат привлекувањето странски труд“, напишаа архитектите на нивната веб-страница.

Инсталацијата на клацкалките има за цел да ги поврзе децата и возрасните од двете страни на ѕидот, покажувајќи дека она што се случува во една земја има директни реперкусии во другата.

Треба да знаете
Последни објави