Search

Навални немал траги од отров во организмот, тврди државната болница

Државната болница во Москва денеска ја информира јавноста дека лидерот на руските опозициски протести Алексеј Навални имал негативен тест за присуство на отров во организмот, јави ДПА.

Навални за време на викендот беше примен во болница заради силна алергиска реакција, поточно отекување на очните капаци и осипување по телото, во исто време кога на протстот во Москва беа приведени повеќе од 1.400 демонстранти.

-Во врска со резултатите од направениот тест, не е најдена супстанца која ќе укажува на присуство на отров во организмот, изјави д-р Алексеј Токарев, шеф на Инситутот за итни случаи во болницата Склифовски.

Матичниот доктор кој претходно, во неделата, го прегледа Навални посочи дека е можно тој да бил отруен.

На Навални му бил дијагностициран контактен дерматит, пренесе ДПА.

Треба да знаете
Последни објави