Search

Евростат: Инфлацијата во еврозоната во јули намалена до 1,1 отсто

Годишната инфлација во еврозоната е намалена до најниското ниво во последната 1,5 година, пред се, како резултат на послабиот раст на цените на енергенсите и на услугите, покажуваат првичните податоци на Евростат, што веројатно ќе ги засилат пазарните очекувања дека Европската централна банка (ЕЦБ) на редовното заседание, во септември, ќе преземи нови стимулирачки мерки во економијата и инфлацијата, пренесоа западните медиуми.

Индексот на потрошувачките цени (CPI) во еврозоната во јуни, очекувано, нарасна
со едвај 1,1 отсто на годишно ниво, по зголемувањето за 1,3 отсто во мај, а тоа е најниската инфлација во зоната од февруари 2018 година, кога таа, исто така, нарасна за 1,1 отсто.

Забавувањето на инфлацијата е резултат на многу слабото зголемување, за 0,6 отсто на цените на енергенсите, по нивното зголемување за 1,7 отсто еден месец претходно, и на повоздржанот раст на цените на услугите за 1,2 отсто, по зголемувањето за 1,6 отсто во  јуни.

Цените на храната, алкохолот и тутунските производи, пак, во јули нараснаа за два отсто по зголемувањето за 1,6 отсто во јуни

Податоците за натамошното намалување на инфлацијата нема да бидат поздравени од
ЕЦБ и ќе ги засилат очекувањата дека на заседанието во септември Централната банка ќе ги намали и без тоа своите рекордно ниски негативни камати и ќе ја рестартира програмата за купување еврообврзници, позната како „количински олеснувања”, која беше воведена кон крајот на 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави